Претпладнево премиерот Димитар Ковачевски остварил телефонски разговор со новиот премиер на бугарија, Николај Денков.„Ковачевски му го честиташе мандатот на бугарскиот премиер денков и посака успешна работа на новоизбраната влада што ја предводи. Во разговорот е изразено очекување од двете страни, за добра меѓу владина соработка, во интерес на граѓаните и на добрососедските односи“ наведуваат од владината прес служба.
Сепак, во соопштението од македонската Влада е изоставен важен дел од разговорот за кој дознаваме од бугарските медиуми.
Новата бугарска влада очекува Македонија да ги прифати измените на нејзиниот Устав како што е договорено со европскиот предлог – преговарачка рамка постигнат во 2022 година, изјавил новиот премиер на Бугарија, Николај Денков во телефонскиот разговор, јави бугарската владина прес-служба.
„Какви и напори да вложиме за позитивен развој на билатералните односи, тие ќе останат во втор план или нема да се реализираат доколку не се реши соодветно прашањето за вклучување на Бугарите во основниот закон на Македонија“, рекол Денков.