Премиерот Димитар Ковачевски денеска си испазари млеко, леб, макарони од познат синџир маркети, следен од камери.
Откако со министерот за економија, Крешник Бектеши, и директорот на Пазарната, Горан Трајковски, ги разгледа цените, тој се одлучи за две пакетчиња макарони, а покрај сирењето, си купи и урда. За целата сметка плати 526 денари.
– Десно, десно, десно, уште десно, онде се тестенините, го насочуваа Ковачевски додека пазареше за полесно да ги најде макароните.
Одговорниот во продавницата го информира дека се е во ред:
– Сите цени се намалени, го убедуваше претставникот на маркетот.
Бектеши за време на пазарењето му дофрлаше нешто поврзано за цените. Ковачевски отиде и кај сирењето и зеде едно парче. На крајот отиде на касата за да си ја плати сметката.
– Намалени се цените, рече Ковачевски по пазарењето.
Видеото може да го отворите ТУКА.