Премиерот Димитар Ковачевски направи сефте на заменката Нашата за Македонската православна црква- Охридска архиепископија.

Ковачевски во честитката што ја објави на својот профил на Фејсбук изразува задоволство од тоа што присуствувал како премиер на (Нашата) земја, чие име не го споменува, на молитвата за признавање афтокефалност на (Нашата) црква, чие име исто така не го споменува:

– Честитки до сите православни верници за историската придобивка за нашата црква – таа е признаена и прифатена во канонско единство со останатиот православен свет. Среќен сум што во име на македонскиот народ, ја имав честа на македонски јазик да го прочитам Словото на верата во срцето на Вселенската Патријаршија. Да сме горди што одекна нашиот македонски јазик на заедничката литургијата во Вселенската патријаршија, објави Ковачевски на Фејсбук.

Идентична честитка во која се одбегнува споменување на името на државата и црквата вчера упати и претседателот на Нашата земја, Стево Пендаровски. И тој на граѓаните им ја честита афтокефалноста на Нашата црква.

(Д.Г.)