Јас немам детали за набавката на новиот прибор за кујната на Владата, кога ќе станам премиер ќе се информирам, ако набавката е несоодветна ќе ја поништам, објави на Фејсбук мандатарот на новата Влада Димитар Ковачевски.

На новинарско прашање за јавната набавка за угостителски прибор, за којашто одредени медиуми информираа дека е несоодветна, мандатарот и претседател на СДСМ, Ковачевски рече дека откако ќе биде избран за премиер ќе ја провери и доколку е во обем и постапка која е несоодветна ќе ја поништи.

– Јас немам детали за таа набавка бидејќи сеуште не сум на премиерската позиција во Владата којашто може да има увид во таков вид на јавни набавки. Меѓутоа од кога ќе станам претседател на Владата ќе се информирам за таа набавка којашто беше предмет на интерес на јавноста, доколку јавната набавка е во обем и во постапка којашто не е соодветна на очекувањата, јас таа одлука ќе ја поништам, рече претседателот Ковачевски.