Покрај опозицијата во процедурата за уставни измени во Собранието за дневниот ред ред не гласаа и двајца пратеници од владејачката СДСМ.
Од вкупно 119 пратеници 47 гласале против дневниот ред, а 70 гласале за. Меѓу пратениците на СДСМ двајца не гласале за.
Едниот е Илија Николовски (роден на 6 јули 1948 година во село Панчарево, Беровско), македонски генерал-мајор на АРМ, во пензија. Николовски е претседател на парламентарната Партија на обединети пензионери и граѓани на Македонија, која е во коалиција со СДСМ.
Тој, како што објави Експрес, бил присутен во салата, но не гласал за предлогот за дневен ред на кој се уставните измени.
Вториот пратеник на СДСМ воопшто не се појави во салата иако од рамо утринава врвот на СДСМ го барал „под дрво и под камен“.
Според порталот Прес 24, станува збор за пратеникот Диме Велковски, кој не гласаше и за заклучоците за „францускиот предлог“.
Велковски е роден е во 1973 година во Кавадарци, а живее во Скопје.
Својата политичка кариера ја започнал во ЈП „Паркови и Зеленило“, каде во периодот од 2006 до 2009 бил и технички директор, а претходната година и генерален директор. Велковски има обавувано неколку високи функции во СДСМ, меѓу кои и претседател на Централниот одбор на партијата.