Имав задоволство да го проследам панелот „САД во светот” на кој се обрати потпретседателката на САД Камала Харис, изјави премиерот Димитар Ковачевски.
– На панелот потпретседателката се осврна евроатлантската обединетост која е посилна од било кога, иако трети страни се обидуваат таа обединетост да ја растурат, како и на Евроатлантизмот, кој се додека е жив, САД ќе бидат присутни во Европа. Потпретседателката Харис се осврна на годишнината од бруталната инвазија на Русија и порача дека Киев нема да падне. Во своето обраќање потпретседателката се заблагодари на сите НАТО членки за силното евроатлантско партнерство во Алијансата, објави Ковачевски на својот официјален профил на Фејсбук.
Ковачевски ја предводи македонската делегација на безбедносната конференција во Минхен објави и за „срдечната средба со Урсула фон дер Лајен“.