Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, придружуван од генералниот секретар Миле Зечевиќ, денеска присуствуваше на традиционалниот народен собир во манастирот „Свети Димитрија“ во прлепско Селце, каде уште еднаш на јавноста и го повтори „својот концепт за ЕУ“.
Во обраќањето пред граѓаните, како што објави ТВ Сител, Ковачевски рече дека тој е предводник на конпцептот за Европска Македонија, за заштита на македонската традиција и идентитет и сигурна европска иднина, за подобар живот на сите граѓани.
-Државата денеска има два концепти, едниот концепт на чие чело сум јас, тоа е концептот за Европска Македонија. Тоа е концет кој значи европска иднина, со кренати глави, заштитен македонски јазик, заштитен идентитет, да седиме на големата маса во Брисел, рамноправни. И јас го делам чувството на нашиот народ и ми беше тешко во разговорите и тоа го кажав како некој да ве сече со нож во стомакот. Но, на крајот на денот мора да се донесе одлука, да се обезбеди европска иднина. И тоа се очекува од некој што го води својот народ. Другиот концепт е оној на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Тој концепт ја води земјата во изолација и враќање назад во минатото, да седи народот сам, раскаран со светот, со ЕУ. Имаме многу јасна разлика. Знам дека патот до ЕУ ќе биде тежок но ние сме подготвени и вредни. До 2030 година можеме да станеме членки на ЕУ. На тој пат предизвици ќе има но граѓаните ќе бидат горди, со крената глава и побогати од тоа што се денеска. Тоа е тоа за што јас се залагам. Македонските граѓани заслужуваат гордо и со крената глава да станат дел од европското семејство, со подобар живот, со подобар, европски животен стандард, рече Ковачевски.
Ковачевски додаде дека СДСМ е чувар на македонската традиција и предводник на македонската европска иднина.
-Тоа е вистинскиот патриотизам денеска! Ние сме чувари на македонската традиција и носители, предводници на македонската европска иднина. Денеска сите ние сме на вистинската страна, тоа е страната на напредокот, на развојот и интеграцијата. рече претседатеот Ковачевски.
Зборувајќи за мерките и политиките на Владата на СДСМ за заштита на граѓаните и компаниите во услови на најголема економска и енергетска криза.
-Двојно ја покачивме минималната плата уште на почеток на мојот мандат. За само неколку месеци пензиите оваа година два пати ги зголемивме за 10% и тоа за сите 330.000 пензионери. Со новата методологија што ја усвоивме, пензиите ќе продолжат да растат и за период од 12 месеци ќе имаме поголеми пензии за 16 отсто, рече Ковачевски.
Традиционалниот граѓански собир во с.Селце се одржува по повод Денот на народното востание – 11 Октомври, во организација на Општинската организација на СДСМ Прилеп.