Имаме голема, силна и конкретна поддршка од САД за следниот чекор во европските интеграции, објави премиерот Димитар Ковачевски, кој информира дека денеска имал средба со американската амбасадорга Анџела Агелер.
– На денешната средба што ја имав со американската амбасадорка Агелер е реафирмирана јасната порака од нашиот стратешки партнер САД дека С. Македонија е фактор на стабилноста и безбедноста на регионот и на Европа и по членството во НАТО, треба да стане членка на ЕУ. Го споделуваме очекувањето дека сите политички лидери и партии ќе го поддржат европскиот пат на државата и дека во таа насока и ќе се носат и претстојните политички одлуки во Собранието, објави Ковачевски на својот официјале профил на Фејсбук.
Објавата на Ковачевски беше реобјавена и на страницата на Владата.