Премиерот Димитар Ковачевски денеска говореше на отворањето на Центар за младински активизам во Општина Тетово, на кое присуствуваа и градоначалниците на Тетово и Гостивар, Биљал Касами и Арбен Таравари.
Ковачевски рече дека „оваа Влада е со прогресивни идеи за напредок и за одење напред на државата“.
Премиерот рече дека државата има два концепта едниот концепт е тој на чие чело е тој – концептот за европска Македонија, а другиот на опозицијата кој ја води земјата во изолираност, посочувајќи дека „нашите граѓани заслужуваат да бидат горди со крената глава и богати, а не да бидат горди, сиромашни и изолирани во својата сопствена држава“.
Тој посочи дека Владата е отворена за соработка со младите, а тоа може да се види и од инклузивниот процес кој ги вклучува младите и средношколците и експертите во сите закони, мерки и политики од интерес за младите.kovacevski -tetovo
– Истото се однесува и на националната стратегија за млади која што е во изработка но и на сите други програми кои Владата ги прави за да може младите да најдат перспектива во оваа држава. Тука пред се мислам на грантовите за вработување на млади до 29 години со завршено образование како и за сите други програми во фондот за иновации, до поддршка на инвестиции за млади кои им овозможуваат да започнат свој сопствен бизнис, рече Ковачевски.
Видеото од говорот на Ковачевски титлувано и на македонски јазик може да го отворите ТУКА.