Премиерот Димитар Ковачевски влезе како инспирација и во светот на поезијата, опеан во песна од лингвистот Арменд Нухиу од Тетово.

– С. Македонија тој ја води, го следиме патот по кој тој оди- е првиот стих на песната за Ковачевски, која тетовчанецот Нухиу ја објави на социјалните мрежи.

Нухиу, песната за Ковачевски ја продолжува со „Европа и САД се пријатели наши, нас Русија не не плаши!.

Песната од рими блика, па во последниот стих Хухиу пее: „Просперитет и успеси се неговата слика, С. Македонија од среќа блика!”

Ја пренесуваме целата песна од Нухиу за Ковачевски, што ја објави порталот Курир.

С. Македонија тој ја води,

Го следиме патот по кој тој оди.

Европа и САД се пријатели наши,
Нас Русија не не плаши!

Просперитет и успеси се неговата слика,
С. Македонија од среќа блика!

Останува мала дилема дали оваа песна сериозно го велича или го исмева актуелниот премиер. Со оглед на катастрофалниот рејтинг на Ковачевски и на Владата, веројатно е дека оваа песна е уште еден начин кој го користат граѓаните да ги исмеат неуспесите и скандалите на власта.