Премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски во гостувањето на Канал 5 говореше за своите планови во политиката во земјава.
Лидерот на СДСМ откри и колку време планира да биде на премиерската позиција на Македонија.
„Мислам 12 години да бидам премиер. Треба човек да биде амбициозен кога работи“, кратко истакна Ковачевски.
Тој с еизјасни и за барањето на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени избори.
-Во услови кога имаме здравствена, енергетска и економска криза, е целосно неполезно да се бараат избори, изјави Ковачевски.
-Немате ново што да понудите, туку само повторувате секој ден дека треба избори. Јас понудив соработка, ги повикувам опозицијата, академијата, стопанските комори, синдикатите… заедно да сработиме во услови на криза за да имаме помали последици во стопанството, вратата е отворена за сите кои сакаат да помогнат. Но, барањата на ВМРО ДПМНЕ за избори не се основани, рече Ковачевски.
Тој нагласи дека нема да прифати уцени за тоа што би се разговарало на евентуална средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-Ќе контактирам со Мицкоски, ќе му се јавам, јас кажав под уцени нема да разговараме. Но, јас како премиер морам да разговарам со сите, но сега фокусот е на енергетската криза и на сето она што ни се случува во државата. И тоа се надевам ќе го прифати како аргумент и ќе разговараме, изјави Ковачевски.