Премиерот Димитар Ковачевски повикува „обединети во слободата“ да го славиме Денота на независноста, но не наведува на која држава, ниту со придавка ниту без придавка.

– 31 година независност. Под нашето македонско сонце, да го прославиме и овој пат заедно големиот државен празник – 8 Септември, Денот на независноста. Оваа година со многу богата културна програма славиме, објави Ковачевски на својот официјален профил на Фејсбук.

Под објавата додава #Обединети Во Слободата. Бидејќи не го пишува името на државата, најверојатно се мисли на Македонија, по логика, бидејќи Ковачевски е премиер на таа земја.

И за да биде најпрецизно од 31-година што ги наведува Ковачевски, 27 слави Република Македонија, а 4 со придавката Северна. Што се однесува до македонското сонце, кое го споменува Ковачевски, независноста се славеше со македонското сонце од првото знаме на Република Македонија, кое денес се гребе и забранува.

(Фото: Државното знаме на Република Македонија со кое се славеа првите години од независноста)

(Д. Г.)