Функционерите земаат плата според закон и ова зголемување се случи кога Уставниот суд укина одредби од законот за плати, изјави премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање кога ќе ги објават зголемените плати.
– Најавив минатата година дека бидејќи постои неусогласеност и неконзистентност во платите во нашата држава. Вие прашувате за платата на пратеник или министер а не прашувате за платата на директорот на едно регулаторно тело кого го именуваат пратениците, а зема три пати поголема плата и од претседателот на државата и од еден пратеник, рече Ковачевски.
Затоа, според него, законот за плати треба да изврши усогласување, како што имаат други држави, како во Белгија но и во нашето соседство, каде што ќе се знае која е највисоката плата врз основа на кои критериуми ќе бидат регулирани и другите плати.
– Вакво законско решение веќе се подготвува, нагласи Ковачевски.