Вечерва телефонски разговарав со советникот на Стејт департментот, Дерек Шоле, за повеќе актуелни прашања и заклучивме дка земјава постојано напредува, објави премиерот Димитар Ковачевски.

– Низ разговорот заклучивме дека С. Македонија е држава која постојано напредува, за што имаме и целосна поддршка во евроинтеграциите како прашање од државно, регионално и европско значење.
Во разговорот не придружуваа и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорот на Агенцијата за национална безбедност Зарко Милошевски и амбасадорката на САД Анџела П. Агелер.
Изразивме огромна благодарност за значајната поддршка од САД во сите клучни моменти и важни процеси за нашата држава, за што од големо значење е стратешкото партнерство на РСМ со САД, објави Ковачевски на својот официјален профил на Фејсбук.

Тој објавата ја документира и со фотографија од телефонскиот разговор.

(Д. Г.)