Премиерот Димитар Ковачевски ги поканува гурманите да го пробаат автентичниот вкус на македонската традиционална кујна на саем во Белград.
– Автентичниот вкус на македонската традиционална кујна внимателно се компонирал низ вековите. Недогледните овошни и зеленчукови градини, одгледувани од вештите раце на македонските земјоделци, се изворна инспирација за многу македонски специјалитети. На саемот на вино, храна и туризам на Отворен Балкан во Белград ќе се претстават нашите автентични македонски производи, кулинарски специјалитети и храна подготвена од најдобрите македонски готвачи, објави Ковачевски на својот официјален профил на Фејсбук.