Проблемот со дрвокрадците не е од денеска и постои многу одамна. Разговараме со Шумската полиција, но и со Министерството за внатрешни работи (МВР) да се зајакнат контролите за решавање на проблемот со дрвокрадците, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски.
-Веќе разговаравме со надлежните во Шумската полиција да ги зајакнат нивните контроли, но исто така разговараме и ќе продолжиме да разговараме со МВР да се вклучи во решавањето на проблемот со дрвокрадците, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање при посетата на компанијата „Витаминка“ во Прилеп.
Во однос на екипираноста на Шумската полиција и набавката на нови возила за нивна потреба рече дека е ограничена во Буџетот за 2022 година.
-Сепак, кога се правеше Буџетот за 2022 година гледавме на инспекциските служби на кои им се потребни возила да им бидат обезбедени и во услови на најголемата светска економска криза каја ја имаме после Втората светска војна, појасни Ковачевски.