Имаме поддршка од западните држави, САД, Германија, Франција, но и од сите други европски држави како никогаш досега, изјави премиерот Димитар Ковачевски.
– Пред нас е голема шанса да направиме голем и значаен исчекор во финалната фаза од европските интеграции, со заштитен и потврден македонски идентитет и за неколку години да станеме членка на ЕУ. Имаме силно солидаризирачко пријателство и поддршка од западните држави, САД, Германија, Франција, но и од сите други европски држави како никогаш досега. Нашите граѓани, младите луѓе заслужуваат да живеат и работат по европски стандарди, да имаат европски животен стандард, да имаат европски квалитет на живот, европско ниво на услуги – тука, во својата родна земја, објави Ковачевски на својот официјален профил на Фејсбук.
Тој на крајот додава: „Од оваа државничка одлука не постои поголем патриотизам“.