Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, во рамки на работната посета на Рим, Италија, присуствуваше и се обрати на заедничкиот настан на Италијанската социјалистичка партија и Италијанската демократска партија во соработка со Европскиот форум за деморактија и солидарност и ЦИЕ Мрежата за родови прашања.
Ковачевски посочи дека СДСМ, како државотворна и прогресивна партија ќе продолжи да испорачува прогресивни и проевропски политики, и со таква програма и ќе настапи на претстојните избори годинава.
Тој посочи дека СДСМ останува посветена на реформите кои ќе обезбедат европска иднина за граѓаните на Македонија, и ќе продолжи да се залага за имплементација на Планот за раст кој ќе помогне за што побрза интеграција на регионот во единствениот европски пазар.
„Членството во ЕУ до 2030 година е амбициозна, но достижна цел“, посочи Ковачевски.