Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), на својата редовна седница во работен состав, одржана на 29 февруари 2024 година, разгледа повеќе прашања и настани поврзани со актуелниот црковен живот, се вели во соопштението на Црквата.

Синодот посвети сериозно внимание на проучување на украинското црковно прашање и формира Комисија која ќе го проучи статусот на Православната Црква во Украина која што доби автокефалност од Вселенската Патријаршија. Претседател на Комисијата е Митрополитот Брегалнички г. Иларион, а потпретседател е Епископот Дељадровско-илинденски г. Јоаким, се додава во соопштението и тоа беше пренесено од македонските медиуми како главна поента на седницата.

Но, она што остана во втор план, а што предизвикува посебно внимание предизвикува делот од соопштението во кој се вели дека „истата Комисија има за цел да го проучи и проблемот со именувањето на нашата Света Црква со елинофонските Цркви.“

Засега нема подтелани информации околу ова, ниту тоа предизвикува внимание кај јавноста, но очигледно станува збор за исфрање на зборот „Македонска“ од името на МПЦ-ОА, како што бараше Вселенската патријаршија, тврдејќи дека со тоа се согласила нашата Црква.