Историската победа во Србија го донесе падот на Александар Вучиќ, менторот на Христијан Мицкоски. Како што најавивме, доаѓа време за размонтирање на балканскиот криминален октопод и одговорност, се наведува во соопштението од прес-конференцијата на Богданка Кузеска, членка на Извршниот одбор на СДСМ, што МИА го објавува интегрално.

Сега на граѓаните сè им е јасно.

За криминалните тендери. За Адамовиќ, Руднап, Божиновска, бизнис мрежите на Мицкоски што водат до Србија. За бизнисите со струја, енергетика, броила.

Јасно е зошто 5 тони дрога поминуваат преку граница и завршуваат кај СНС во Србија, а никој не одговара.

Се објавуваат информации за тоа кој е „Оскар“ во преписките на наркобосовите од платформа „Скај“.

Допрва ќе почнат истрагите во Србија а тоа ќе доведе и до линковите во Македонија.

На сите им е јасно зошто Алта банка влезе во Македонија, а беше запрена во Европа.  Истата матрица, истиот шаблон. Copy-paste во Македонија. Истиот црн капитал се вложува во истата банка.

Јасно е и зошто е црната кампања и постојаната пропаганда против СДСМ и против претседателот Филипче. Водена од началникот Латас и неговата Ивона Талевска.

Зошто го прават убиец на деца, доктор Менгеле, зошто постојано има црни кампањи, Дубаи, згради со лични напади и навреди.

Јасно е за влезот на српскиот Еуроњуз и Ало група, во сопственост на Вучиќ.

За ботовите на СНС, нивната бот-централа, платформа и трол фарми, во поддршка на ВМРО.

Јасно е зошто исти лоби куќи се поврзани со Вучиќ и Мицкоски, со 4iG, со Орбан, со рудниците за антимон.

Во Унгарија се уапсени тројца министри од владата на Орбан. Има истрага за кинескиот кредит чии пари завршија кај Мицкоски.

Сè станува јасно затоа што сè е поврзано.

И конечно, сега на граѓаните им е јасно дека по истиот рецепт на Вучиќ од Србија се прават партии-сателити – за да се цепка опозицискиот глас.

Затоа ЗНАМ и затоа Платформа ЗНАМ 2.0. Затоа рускиот Спутник како Левица. Сè е тоа школо на Вучиќ . Рецепт на менторот на Христијан Мицкоски.

Затоа што СДСМ е единствената, неконтролирана опозиција.

Заклучокот е многу едноставен. Позади сето ова стои една криминална организација.

Нејзиниот дел во Македонија е ВМРО – организирана криминална група, а шефот на македонската банда е Христијан Мицкоски.

Следат разврски, следат истраги, следи расчистување со криминалната организација, делче по делче.

Сите тие разврски ќе завршат и во Македонија со соработниците на Мицкоски.

СДСМ – Центар за комуникации со јавноста