Македонија го загуби пријателскиот натпревар со Азербејџан кој се одигра на Националната арена „Тодор Проески“.

Иако Барди го отвори натпреварот уште во 25 минута со гол од пенал, сепак Азербејџан успеа да израмни во првото полувреме, а во второто да даде уште три гола и да победи со резултат од 1:3.

На трибините беше и премиерот Димитар Ковачевски кој заедно со синот ја бодреа македонската фудбалска репрезентација.

-Огромно задоволство беше денеска да се навива за нашата фудбалска репрезентација на натпреварот со Азербејџан. Честитки и од мене и од мојот син за целата екипа, за извонредната игра и за постигнатите резултати, напиша Ковачевски на Фејсбук.