Во првиот натпревар домашните загубија од Еквадор со 2:0. Јунак на натпреварот беше Енер Валенсија, кој ги постигна головите во 16. и 31. минута и донесе убедливо водство и лесна игра на својот тим во вториот дел.

Со овој резултат, Катар влезе во историјата како прв домаќин кој некогаш го загубил првиот натпревар на Светското првенство. Уругвај, Италија, Франција, Швајцарија, Шведска, Бразил, Чиле, Англија, Мексико, Аргентина, Шпанија, САД, Јапонија, Јужна Кореја, Германија, Јужна Африка и Русија досега беа домаќини и успеаја да одиграат барем нерешено во првиот натпревар на турнирот.

Со оглед на тоа што ова е 22. Светско првенство, вистински куриозитет е што домаќинот никогаш не го напуштил теренот со наведната глава на отворањето на турнирот. Со ова Катар е на „добар пат“ да израмни уште еден неславен рекорд и да стане единствениот домаќин во историјата, заедно со Јужна Африка, кој нема да ја мине групната фаза на турнирот.