Димитар Ковачевски пред малку на прес-конференција инофмираше дека Владата го одобри францускиот предлог.
-На денешната седница на која Владата ги разгледа и ги усвои заклучоците кои ги изгласа денес Собранието и врз основа на тие заклучоци донесовме одлука за одобрување на предлогот на француското претеседателство од 30 јуни 2022 година. Со оваа одлука го почнуваме процесот на отпочнување на преговори на … Македонија со ЕУ. Со оваа владина седница заокружуваме уште еден објективно историски чекор за нашата земја. Благодарност до Маричиќ и Османи за нивната посветеност за зачувувањето и унапредувањето на државните позиции. Ние денес имаме преговарачка рамка во која македонскиот јазик и идентитет се заштитени, историските прашања се надвор од истата а ние сме на чекор од одржувањето на првата меѓувладина седница. Од овде од денес и натаму одиме напред со забрзан чекор до ЕУ, рече Ковачевски.