Просечната плата се зголеми за 11,3 отсто споредбено со истиот месец лани, објави премиерот Димитар Ковачевски.
– Во време на светска економска криза, во време на криза со енергенси, храна, електрична енергија, се грижиме за потребите и стандардот на граѓаните. Ќе продолжат да растат платите, ќе продолжат да се зголемуваат пензиите. Се стремиме кон европски стандард, тоа нашите граѓани го заслужуваат, објави Ковачевски на својјот официјален профил на Фејсбук.
Сликата за македонскиот „европски стандард“ ќе биде покомплетна Ковачевски да ги додаде и процентите колку пораснаа цените во овој период за кој говори. Од лебот кој е поскап три пати, па се останато што треба да се покрие со „порастот на просечната плата“.