Од наши кумановци па ширум државата, граѓаните мора да го добијат она што го имаат европјаните и ништо помалку, рече премиерот и лидер на СДСМ на партиската трибина во Куманово.
– Тоа е мојата задача, тоа е нашата заедничка цел. Во изминатите 10 месеци успеавме да ги совладаме предизвиците наметнати од глобалната економска и енергетска криза и да ја спасиме македонската економија. Ги паметиме сите тие драматични вести на почетокот на годината кога изби најголемиот геостратешки конфликт во светот по Втората светска војна, рече Ковачевски.
Тој во своите обраќања пред членовите и симпатизерите на СДСМ, освен што ги фали своите министри и други функционери, почна да практикува „команди – стани да те види сала“, поради што оваа партиската кампања го доби овој популарен назив, а официјално се води под мотото „Силно и одлучно кон иднината“.