Претседателот на Владата Димитар Ковачевски денеска одржува предавање на Дипломатската академија Виена.
Тема на конференцијата на која говори премиерот Ковачевски е „Почеток на пристапни преговори со С. Македонија: Нова динамика во проширувањето на ЕУ“.
Дипломатската академија Виена е основана 1754 година и претставува најстарата академија која нуди едукација и за студенти и за професионалци во областите на меѓународни односи, политички науки, право, историја и економија, каде идните лидери, покрај теоријата која ја изучуваат своето знаење го надополнуваат и преку првокласн истражувања и светски познати програми.