За првпат по палењето на влезот од бугарскиот клуб во Битола „Ванчо Михајлов“, македонскиот пејач Ламбе Алабаковски се огласи за тоа.

Во изјава во гостување во „Бомбакис поткастот“, тој тоа го наравил од патриотски побуди.

– Кога ќе имаш такви чувства, собрани повеќе години во себе од љубов спрема татковината и гледаш како се случуваат неправди, тоа беше кулминација на сите чувства, патриотски, кои сите во нас ги имаме, но не ги искажуваме. Не толку експлицитно. Сите ги имаме и ги искажуваме на различни начини. Тоа е тоа, наплив на емоции. Да не ја должам темата. Од денешна перспектива сум многу радосен и среќен од тоа што го направив, бидејќи на крајот од денот, сега после толку време, сето тоа излезе во полза за нашиот народ – дека никој не смее да те провоцира во сопствениот дом и да ти поставува ултиматуми, изјави Алабаковски.

Тој лани во јуни беше уапсен за подметнување пожар во културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола, а беше осуден на условна казна од шест месеци. Алабаковски за време на истрагата го призна делото, а условната осуда е со утврдена казна затвор во траење од шест месеци, доколку во период од една година не стори ново кривично дело. По пресудата, на пејачот му се вратени двата пасоша, македонскиот и американскиот.

На 22. март, годинава, Централниот регистер на Македонија објави дека клубот „Иван Михајлов“ е избришан од регистарот, по проценката на ресорната комија донесена на 16. март годинава. Владината Комисија за именување на тогашната седница даде негативно мислење за употребата на името на оваа контроверзна личност. Според членовите на комисијата, Михајлов е близок на фашистичката идеологија, со што именување на здружението по него е провокација за македонскиот народ. Причината за престанок на клубот е со одлука на Министерството за правда.
Централниот регистар постапил по службена должност по донесено решение од министерството.

Причината е неусогласување на името со измените во Законот за здруженија и фондации.