Владата во изминатите 4 години платите на вработените во високото образование и наука ги зголеми за вкупно 20 отсто, објави премиерот Димитар Ковачевски и најави нови анализи и пресметки.
– Продолжуваме со детални пресметки и анализи, воспоставување на модел за континуиран раст на платите на вработените на факултетите, но и разгледување на можностите за реорганизација на овие установи со која би станале поатрактивни за студентите. Денеска со раководството на Синдикатот на УКИМ имавме конструктивен состанок од кој произлегоа корисни заклучоци кои се во насока на унапредување на статусот на вработените на факултетите, но и подобрување на условите за работа и развој на научно истражувачката дејност, објави Ковачевски на својот официјален профил на Фејсбук.
Синдикатот минатиот месец се закани со протести ако платите не им бидат зголемени.