Премиерот Димитар Ковачевски денеска одговарајќи на новинарско прашање, негираше дека „се испумпуваат“ пари за убедување на граѓаните за уставни измени со новата кампања на Секретаријатот за европски прашања која чини 80.000.

Парите, рече Ковачевски, исклучително домаќински се инвестираат од оваа Влада, додаде премиерот, велејќи дека пари не се трошеле на жални врби, на стиропор којшто се распаѓа по зградите…

-Тоа се планирани пари во Буџетот на СЕП и се работи за комуникациска кампања со граѓаните со цел да можат да бидат презентирани придобивките од зачленувањето во ЕУ и да биде презентиран процесот на водење на скринингот со ЕУ и што е она што следува понатаму. Сметам дека граѓаните треба да бидат информирани за тој процес затоа што затоа што ако ги погледнете истражувањата на јавното мислење тогаш ќе се уверите дека 80 проценти од државата сакаат да бидат дел од ЕУ. Тоа впрочем го потврдува и однесувањето на нашите граѓани во сите изминати декади бидејќи нашите граѓани покажале дека сакаат да живеат во држава која е земја членка на ЕУ која има висок стандард и демократија и социјална правда и затоа одат во земји од ЕУ, вели Ковачевски