Не можам да ги коментирам личните чувства на Стево Пендаровски, рече премиерот Димитар Ковачевски за песимизнот на претседателот дека наредниов период во Собранието ќе поминат уставните измени.

-Околу ставот на Пендаровски, не знам за точно кој негов став се работи. (Дека е песимист дека се можни уставните измени.) Тоа не можам јас чувствата на претседателот да ги коментирам, изјави Ковачевски.

Премиерот не знаел ниту колку пари ќе земаат членовите на работната група, која ќе треба да ги предложи уставните амандмани со цел менување Уставот и внесување на Бугарите во него.

-Хонорарите, тоа Министерство за правда треба да го определи на каков начин ќе биде, согласно закон и согласно правилници. Кога ќе биде направено ќе биде соопштено. Министерството за правда веќе ги објави делот на експертите кои се предложени од политичките партии, во текот на наредниот период тие ќе ги објават и експертите од академската фела доминантно и од стручната, односно оние кои што се занимавале со стручната проблматика во пракса, изјави Ковачевски.