Премиерот Димитар Ковачевски во активностите што ги бележи на својот официјален профил на Фејсбук е и вчерашното одење на слава за Св. Никола во семејство во Пробиштип.
– Денеска големиот празник Свети Никола го одбележавме заедно со семејството Спасовски во Пробиштип, кое има и слава и именден. Им благодарам за гостопримството и пријатната атмосфера во нивниот дом. Задоволство е да се биде со трите генерации на ова прекрасно семејство со трпеза полна со превкусни посни јадења и срце полно љубов за сите. Нека е за многу години денот. Честита слава на сите кои го празнуваат Свети Никола Чудотворец, објави Ковачевски на својот профил на Фејсбук.
Претходно Ковачевски го гледавме во работнички, студентски мензи, но и ќебапчилници и сендвичарници. Очигледно преку народната храна сака да му се доближи на народот од кого оваа власт е отуѓена по трошоците за октоподи, морски плодови и други продукти за храна и мезе во владините ресторани.