Османи, чиј државен интерес е да се внесат во Устав тие што не нè признаваат, го прашува пратеникот Драган Ковачки министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Ковачки му одговори на Османи за неговото упорно настојување за промена на Уставот на Македонија и за вклучување на Бугарите во него како услов за преговори за членство во Европската унија.

– Бугарите не ги признаваат македонскиот народ и македонскиот јазик и не имплементираат ниту една пресуда на Европскиот суд за човекови права за Македонците во Бугарија. Османи, чиј државен интерес е да се внесат во Устав тие што не нè признаваат?, прашува Ковачки во објавата на Твитер.