Стево, Македонија не е монархија, не може вечно да си на власт, му порача на претседателот Стево Пендаровски пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ, коментирајќи ја вчерашната изјава на Пендаровски дека „на тацна да ти даваат власт сега во Македонија без избори треба да одбиеш, ако си нормален!“.
– Стево, Македонија не е монархија. Не може вечно да си на власт. Мандатот доаѓа и поминува, но срамот од предавството што го правиш останува да те следи, пишува Ковачки порачувајќи му на Пендаровски дека не е претседател.
Вчера Пендаровски во интервјуто на ТВ 21 рече дека никој не би се нафатил сега да биде власт и да направи резултати на краток или среден рок.
– Имаме една мултиплицирана криза. Заради војната во Украина имаме проблеми со енергија, со високи цени на производи, претходно наши делби и парламентарни блокади, и ова е капак на се. Имаме ситуација дека кога на тацна да ти даваат власт сега во Македонија без избори треба да одбиеш, ако си нормален. Треба да одбиеш, изјави Пендаровски.