Пратеникот Драган Ковачки објави дека трета седмица претседателот Стево Пендаровски молчи за скандалот со изнуда на сексуални услуги во армијата.
Во продолжение целото обраќање на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Ковачки, објавено на неговиот профил на Фејсбук:
Влегуваме во 3 (трета) седмица од објавување на скандалот со изнуда на сексуални услуги и злоупотреба на службената позиција од страна на високи офицери во надлежност на Пендаровски.
Освен тоа што од неговиот кабинет кажаа дека Врховниот командант не бил запознаен со овој скандал, досега нема никаква реакција од него.
Стево, Претседателе, Врховен команданте, бекни бе, тие злоупотребени девојки се нечии ќерки. Токму од родителите на тие девојки Вие земате плата.
Вие Пендаровски сте Врховен командант на сите, не само на мала група околу Вас.
Имате одговорност да преземете мерки.
Должност на секој лидер е да се грижи за подредените, а не да ги искористува или кога ќе бидат искористувани како во овој случај, да ја свртите главата на другата страна и да мислите дека со игнорирање од Ваша страна, проблемот ќе исчезне.
Јавноста има право да знае и мора да објасните зошто не преземате мерки?
Кој бараше од Вас да молчите?
Зарем не знаете дека со тоа што молчите и не преземате мерки во Ваша надлежност, дека директно поддржувате, одобрувате и стимулирате сексуално малтретирање во АРМ?
По кој НАТО стандард за ова се молчи и не се преземаат мерки, врховен команданте Стево?