Шекеринска повторно манипулира и објавува детали од интерни армиски постапки за кои цело време предупредувам, се вели во реакцијата на полковник Драган Ковачки на обвинувањата од министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Ја пренесуваме целата изјава на Ковачки, кој и денеска беше нападнат од министерката за одбрана:
Прво, престанете да манипулирате и кажете и’ на јавноста дека Комисија предводена од генерал не најде докази за тоа за што ме обвинувате, а Вашата комисија во која нема ниеден генерал туку има и лица помлади по чин од мене, Ви достави нарачан предлог.
Па од авион се гледа Вашиот притисок врз Вашата комисија.
Институцијата не Ви е партиска играчка да се пресметувате со мене затоа што не мислам како Вас.
Второ, должите да одговорите: Зошто и после година дена се’ уште на вашиот фејсбук профил стои доверлива класифицираната мапа од зона на одговорност на армиска единица?
Трето, дефокусирате од вистинските проблеми:
– Која е улогата на министерот за одбрана во набавките на кинеските вакцини од ФАНТОМ фирмата во Хонг Конг?
– Како може со чиновничка плата да се купи куќа вредна баснословна сума а за багателна цена? Еве ја повикувам јавноста и истражувачките новинари да се заинтересирааат за случајот и да го истражат.
Последно, не е учтиво од уста на дама на толку висока политичка и партиска функција да напаѓате на личност со неумесен речник и да ме наречете плачко и лажго.
Нема да се симнам на тоа ниво, но во интерес и добробит на општеството, на сите родители би им советувал такви фрази да избегнуваат пред своите деца.
https://www.facebook.com/DraganKovachki/posts/271969807760484