Поддршка до градоначалникот на Гази Баба, Боби Стефковски, упати пратеникот Драган Ковачки, откако беше објавено дека Стефковски се соочува со закани по безбедноста и својот живот по уривањето на дивоградба во оваа скопска општина.

Во продолжени целата објава на Ковачки на неговиот профил на Фејсбук со која се пбраќа до премиерот Димитар Ковачевски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и изразува поддршка за Стефковски:

Поддршка за градоначалникот Стефковски. Тоа што некој си дозволил да упатува закани по живот кон избран функционер кој се бори со урбаната мафија е доказ дека во Македонија нема ред. Доказ дека секој може да се заканува и да не одговара.

Ова е доказ дека никој не се плаши од последиците и од законите.

Ова е доказ дека Спасовски Оливер не може да се справи со заканите кон функционерите на ВМРО-ДПМНЕ или дека директно тој стои позади нив. Трето нема.

Спасовски е најслабиот министер за внатрешни работи. Полтронското однесување кон ДУИ е доказ дека го водат лични амбиции, а за државните интереси не му е гајле.

Нека продолжи да им дава полицајци за физичко обезбедување (кои ги плаќаат граѓаните) на Али Ахмети, на Кастриот Реџепи – киднапираниот пратеник и на еден куп “ојлевци-дојлевци” од власта.

Во меѓувреме, тие кои треба да ги штити по закон, нека ги запоставува и нека инспирира закани кон нив.

Но, едно треба да им биде јасно и на Спасовски и на Ковачевски:

Со овие методи со кои се служите, ја туркате државата во безредие. Ова ќе помине, ние ќе издржиме, ама вам крајот гаден ќе ви биде. Ова сфатете го како апел, укажување, закана…како што сакате. Сеедно.
Во државата мора да се воведе РЕД и да се почитува поредокот.

Направете си скриншот од постов.