Драган КОВАЧКИ
1. Ги осудија Боки и Катица за рекет ама парите не ги најдоа. Телефонот на Боки не е вештачен, а на Катица не го најдоа ни телефонот со кој се договарала. Се заборави случајот, дури се зборува и дека Катица не е во затвор, туку е во домашен притвор.
2. За пасошите што ги издавале на терористи, атентатори и нарко босови ќе ги “изгорат” шалтерските работници и повторно пари нема да најдат. Обвинителството ќе ја ширело истрагата. Па нели Министерот за внатрешни рече дека од 2019 година е отворена истрагата? Колку време ви треба за таа истрага, или чекате да се уништат сите докази и купувате време главните да си обезбедат алиби?
*Инаку сумата пари за пасошите е милионска и тоа во евра.
3. Рашковски “не знаел” дека ќе биде апсен, па пред 2 дена се подновил со нов телефон којшто му бил одземен (читај – свесно предаден) за вештачење. Другиот телефон преку кој веројатно се договарале за начинот како да се изведе замајувањето на јавноста, веројатно лежи на дното на некоја река…
И после тоа, ќе не убедуваат дека сме имале независни институции, судство, итн…
Драги мои, ништо ние немаме, имаме само една мафијашка структура на власт што е ненаситна за пари и привилегии. Мафијашка структура контролирана само од еден центар.
Не обвинувам никого, но ве уверувам дека одговорност ќе има за сите. Од прв до последен.