Денешниот ден да остане запаметен и оваа 115 седница на Собранието како на седница која се озаконува криминалот. Ова е криминалот кој што ја фрла Македонија во должничко ропство, во финансиска нестабилност која што во натамошниот период во годините кои што доаѓаат Македонија може да биде исправена пред дополнителни уцени од надвор на кој што ќе мора да подлегне. И токму ова и се прави а втората работа е заради полнење на џебовите на Артан Груби и Ковачевски, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, на денешната собраниска седница.
Ковачки смета дека оваа расправа денеска е без предметна бидејќи за ова кое што денеска дискутираат во собранието е без предметна бидејќи Уставниот суд минатата година донел одлука со која се укинуваат одредбите кои што денеска се на дневен ред на седницата.
-Денешната расправа е без предметна, бидејќи во изминатиот период односно на 27.07. 2022 година, Уставниот суд на Македонија има донесено одлука со кои ги укинува одредбите кои денеска се предлагаат и се на дневен ред. Дали сега ова значи дека ова “европско мнозинство“ ќе оди против Уставниот суд. Оваа одлука е потпишана од омилената судијка на власта Добрила Кацарска, рече тој.
Ковачки додаде дека сите професионалци кои што требало да го спречат овој закон воопшто да дојде на дневен ред, не го спречиле тоа туку му го дале на Артан Груби да го потпише.
Ковачки нагласи дека владејачкото мнозинство и владата ја игнорираат изјавата и реакцијата од страна на евроамбасадорот Гир за пречестата употреба на европското знаменце.
-Доаѓаме до точка пет во која што вели стручна помош и мислење, Европска комисија не сме ја прашале. И која е стручната помош. Што кажа евроамбасадорот, дали излегоа луѓето со реакција, прво со писмена реакција, вие ја игнориравте таа писмена реакција и кажавте дека ќе се тера ова по било кој цена, па излезе потоа со изјава и сега следниот чекор кој е, праша Ковачки.