Драган Ковачки со неговиот тим беше во посета на населени места во делчевско каде што оствари средба со жителите на Стамер, Град и Вирче.

Ковачки истакна дека во овој регион не е донесена ниту една странска инвестиција и дека жителите од овој регион се гушат во беспарица и голема сиромаштија, газат кал и на одредени места нема ни вода за пиење.

„Овде не е донесена ниту една странска инвестиција, народот се гуши во сиромаштија, во беспарица и има голема безперспективност. Тој народ што ги плаќа овие криминалци од ДУИ и од Социјалдемократскиот сојуз што го крадат биџетот, во моментов гази кал и одредени места немаат вода за пиење“, рече Ковачки.

Додаде дека ова мора да се промени, затоа што народот заслужува многу повеќе, а ВМРО-ДПМНЕ има план, има визија како тоа да го промени.

„Имаме одлучност и знаеме како треба да дојдеме до промени. Знаеме како после промената на власта да создадеме услови за еднаков развој на целата држава“, истакна Ковачки.