Драган КОВАЧКИ
(реакција на тврдењето на Заев дека употребата на Република С. Македонија“, наместо „Република Северна Македонија“ е понижување и кршење на Уставот)
Не г-не Заев.
Понижување е кога вашата Влада издава пасоши на криминалци и терористи додека за граѓаните нема обрасци за пасоши.
Понижување е кога вашиот министер за внатрешни не успеал да обезбеди обични регистерски таблички за возилата, а граѓаните во период од 6 месеци не можеа да си извадат лични карти.
Понижување е да си ги труете сопствените граѓани и војници со канцерогено масло (платено со народни пари), а за тоа ниту Вас ниту Обвинителството “мува да не Ве лази”.
Понижување е кога вашите пајташи имаат возен парк од стотици илјадници евра, а над 600.000 граѓани живеат со 150 денари дневно.
Понижување е да живееш во држава во која Вашите СЈО наместо да работат по Закон, рекетираа и изнудуваа пари и привилегии.
Понижување е кога вашиот претседател го нарекува народот „стока“!
Понижување е да си го пцуеш сопствениот народ ако не те гласал на избори.
Понижување е кога лажете дека економијата блеска, а ја задолжувате државата за над 2,5 милијарди евра само да имате за плати и пензии.
Понижување е со пари од народот да си набавите морски плодови, презервативи и лубриканти, а граѓаните сами да набавуваат лекови за третмани во болниците.
Понижување е кога наместо први да набавите вакцини и респиратори, да трчате по провизии од Кина и Бразил.
Понижување е кога предизборно вработувате во пренатрупаната администрација, а од реалниот сектор се отпуштаат 60.000 работници што го полнат буџетот токму за нововработените во администрацијата.
Понижување е да се колнеш во сопствените деца и предци дека нема да го смениш името на државата а да го направиш токму спротивното, притоа обвинувајќи ги тие што до вчера си ги лажел и ти верувале, дека токму тие го кршат Уставот, а не ти.
Понижување е да сте на чело на држава која е прва по смртност од Ковид-19 во Европа, а да замајувате народ дека сте членка на најмоќниот воен сојуз на денешницата. Мртвите тоа не ги интересира…
Понижување за државата и за народот е што Вие се’ уште сте премиер.