Тоа што Бујар Османи го прави, она што го зборува против претседателот на Владата, тоа е тотално неодговорно, потенцира пратеникот Драган Ковачки во НАТКАСТ со Љупчо Цветановски. Деновиве Османи во крајно етнички обоен наратив упати серија мизерни навреди и етно-дисквалификации кон премиерот Христијан Мицкоски, кој претходно аргументирано јавно го прозва за неговиот катастрофален, антимакедонски и антидржавен учинок како министер за надворешни работи во владата на Ковачевски.
-Тој човек бил министер за надворешни работи на оваа земја, иако, јас него не го доживував како министер на Република Македонија и нема да го доживеам, затоа што направи многу работи кои што беа контра македонските национални интереси и контра македонскиот народ, нешто што е недозволиво за човек кој е платен од овие граѓани. И сега, тој се навраќа на етнички теми. Зошто не пофали колку пари се дадени на албанските општини каде градоначалници се од ДУИ? Дали се запоставени? Не се запоставени, нема подвојување на општините од страна на владата по етничка линија, појасни пратеникот, кој во дејствувањето на ДУИ лоцира ретрограден порив за ситни политички поени преку неаргументирана и изнасилена етнизација.
-И сега вие да етнизирате, да кажувате секојдневно колку Македонци биле вработени, колку Албанци биле вработени, па тоа е морбидно во 21-от век во земја членка на НАТО. Кој ви го гледа тоа денеска. Абе, или ве бива за една работа, или не ве бива. Ако не ве бива, ќе си одите, кој сакате бидете. Мислам дека им е тотално утната стартегијата, посочува Ковачки.
Поранешниот полковник во НАТКАСТ стручно ги образложи и заканите со кои се соочуваат светот и Македонија како дел од НАТО, заканите кои кои доаѓаат од Исток, како и за хибридните закани кои целат кон дестабилизација на државата, по чиј колосек, за жал, забрефтано се движи и партијата на Ахмети.
-Она што се обидуваат да го искористат ДУИ, преку етнизирање, потпалување на тензии, поларизирање на ситуација од аспект на етнички теми се вклопува во рамки на заканите кон државата, и затоа со тоа тие и прават штета не само за Македонија, тие и прават штета на Алијансата. Затоа, тие треба да се запрашаат уште еднаш, дали таа политика им носи поени, да не се случи утре нешто за кое ќе се каат цел живот. Затоа што, никој нема да дозволи дестабилизација по тој основ, заклучува Ковачки.