Зоран Заев самиот изјави дека доколку ги загуби овие избори дека ќе си поднесе оставка. Заев убедливо загуби во целата држава и изјави дека се повлекува, истакна на денешната прес-конференција Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение го пренесуваме интегрално текстот од прес-конференцијата на Ковачки:

Од таа изјава до денес гледаме како клиентелистите и неговите послушници готват амбиент за неповлекување и неподнесување на одговорност.

Зоран Заев повторно блефираше и остана на фејсбук оставка, но не ја достави со допис до Парламентот.

Оттука се гледа дека оставката на Заев е иста како и оставката на Филипче, ја поднесе за да не биде прифатена и потоа да одбегне одговорност.

СДСМ не си стои до зборот и повторно ги потценува граѓаните.

Политиките на Заев и неговиот систем се жестоко поразени. Народот гласаше за промени.

Ова што сега го гледаме од СДСМ е препелкање во сопствената кал и продлабочување на поразите.

Заев е човек кој не држи до сопствениот збор.

Дали на повидок е уште една голема лага на Зоран Заев?

И дали Заев нема да си опстои и на ова свое ветување?

Дали на овој начин ќе избега од одговорност за бруталните злоупотреби, изборни нерегуларности и притисоци?

Доста е со поигрување со волјата на граѓаните.

Владата повеќе нема никаков кредибилитет и истата е детронизирана.

Системот на Заев е поразен. Време е за промени.