Секаде каде одиме се чувствува ентузијазмот за промени кај луѓето, така и овде во Кочани луѓето се повеќе ни се приклучуваат во промените, изјави денеска Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3.
Нашиот градоначалник во изминатиот период имаше опструкции од централната власт, меѓутоа со промената на власта, верувајте дека ќе има инвестиции во Кочани. Околу 4 милиони евра предвидуваме од централниот буџет да се дадат за Кочани. Тоа значи нова инфраструктура, нови градинки, нови улици, нови тротоари. Исто така, предвидуваме целосна реконструкција на пругата Кочани-Велес. Граѓаните на Република Македонија се подготвени за нова иднина за нова надеж, истакна Ковачки.
Ковачки ги повика граѓаните да ја поддржат професорката Гордана Силјановска Давкова и на масовна излезеност на претстојните претседателски и парламентарни избори.
-Ве повикувам на 24 април сите масовно да излеземе да дадеме поддршка за нашиот претседателски кандидат Гордана Силјановска Давкова, а на 8 мај да ја верифицираме победата со една голема излезност, односно голема победа за ВМРО-ДПМНЕ и за промените, изјави Ковачки.