Каков крај на политичката кариера на заменикот претседател на СДСМ, пишува Драган Ковачки на неговиот профил на Фејсбук, во врска со денешниот Конгрес на СДСМ, на кој како што е најавено, заменик-претседателката на оваа партија ќе го изгуби потпретседателското место.
Во продолжение целата објава на Ковачки:
Радмила Шекеринска е политичар која е политички активна уште од минатиот век и која користејќи ја неспособноста на тие околу себе, опстојуваше на македонската политичка сцена. Во овие 30-тина години, колку што е закачена на државни јасли, Шекеринска нема ниту една чиста изборна победа, а ќе ја запаметиме по политичкото предаторство и бескомпромисното уништување на противниците од внатрешните редови во СДСМ. Овој пат, политичкиот предатор стана плен. Не успеа во својата намера, односно задоцни со нападот кон лидерот.
Шекеринска ја потцени итроштината на феудалецот со чист анкетен лист и беше извесно дека ќе биде исфрлена од раководството на партијата којашто и’ нанесе непоправливи штети на Македонија. Од страна на Заев дури и’ беше дадена можност сама да си ја соопшти сопствената егзекуција.
Заев можеби и да не знае македонска историја (а како да знае кога самиот се гордее дека во Среда и Петок имал по 3 часа), но Заев ја знае историјата на СДСМ и добро знае дека кога почне да паѓа рејтингот на лидерот, дека Шекеринска прва ќе се откаже и ќе скокне од бродот што тоне.
Заев е свесен дека СДСМ паѓа од власт и дека мора да најде начин да ја задржи партиската лидерска позиција затоа што знае што го чека после падот од власт. Заев знае дека после поразот на изборите, останувањето на лидерската позиција во СДСМ, со Шекеринска околу него, едноставно не е можно.
Зоран Заев многу добро се сеќава на лицемерието на Шекеринска односно на нејзиниот напад врз Владо Бучковски поради изгубените избори во 2006 година, иако и таа беше дел и допринесе за тој пораз. Заев е свесен за иднината и затоа очекувам дека за релативно кратко време ќе ја исфрли и од Владата (ако за тоа воопшто има време). Мислам дека дури и посакуваното и утешно амбасадорско место во САД не е опција што Заев ќе и’ ја овозможи.
Шекеринска ја паметиме уште од времето на Бранко Црвенковски, Киро Глигоров, Хари Костов, Владо Бучковски итн. Секогаш беше околу нив, но никогаш не беше како нив. Успеваше да ги преживее падовите на горенаведените и вешто да ја избегне сопствената политичка пензија.
Со нејзиниот его-центричен пристап кон политиката, не успеа да се наметне кај македонската популација. Иако секогаш во врвот на партијата и на државата, Шекеринска никогаш не успеа да го надмине прагот на популарноста од 2-3%. Дури и Амди Бајрам (нека почива во мир) иако секогаш имал помало гласачко тело од она на СДСМ, секогаш имал поголем рејтинг од неа.
Слабата популарност веројатно се должи на неискрениот пристап, лажното претставување и манипулации со јавноста, многубројните дадени лажни односно нереализирани ветувања како и по бизнисите по кои е позната во јавноста. Ќе ве потсетам на “бонбона бизнисот” (како што сама го нарече) со продажбата на ЕСМ, но и на кириите за становите што си ги издаваа сами на себе по баснословни суми.
Останува запаметена и по тоа што како министер за одбрана згази на гробовите на паднатите и го погази достоинството и правичната борба на припадниците на безбедносните сили со тоа што се сликаше под амблем на УЧК. Наместо да помирува и да работи на соживот и разбирање, таа дополнително ги отвори раните кои кај тие луѓе никогаш нема да бидат целосно затворени (само за потсетување, таква провокација од позиција на Министер за одбрана не направи ниту Талат Џафери).
За крај, покрај тоа што барем засега останува неодговорено што договараше Министерот за одбрана на вечерата со осудениците Боки 13 и Катица Јанева, би било интересно да се слушнат причините за молчењето и ставот на Шекеринска за криминалиите за кои се терети поранешниот генсек Рашковски или за издавањето на македонски пасоши на светски нарко-босови, терористи од ИСИС, криминалци итн.
Сепак за мене, најстрашно и крајно неодговорно беше нејзиното јавно признание на ТВ дека како Влада можеле да набават вакцини, ама не сакале, за да граѓаните не речеле дека се заморчиња и на нив ги тестирале. Со тој однос на Шекеринска и на Владата денеска имаме над 5000 мртви македонски граѓани.
Политичката пензија не смее да биде алиби за другите видови одговорности.