Драган КОВАЧКИ

Се сеќавате ли на шизофрените мерки на Заев и Филипче кога казнуваа луѓе коишто сами шетаа по улица за неносење на маски додека луѓе седнати во кафулиња и кафеани во затворен простор можеа слободно да си уживаат во кафе или некој друг пијалок?

Ајде ќе речеш, колку и да беше мерката шизофрена и логично необјаснива, сепак важела за сите…

Но, дали може разумен човек да ги прифати постоечките мерки кои и овој пат имаат доза на шизофренија, но уште поопасно, новите мерки се класично пресликување на фашизмот и тоа во 21 век.
Кој ви дозволи да жигосувате цела категорија на граѓани за кои задоцнивте навреме да им обезбедите вакцини?

Зошто ако имате доволно вакцини не овозможивте тој процес на вакцинација да се одвива паралелно на што повеќе
локации низ државава? Или целта е свесно да правите кластери со бесконечни редови пред болниците?
Сакам да предупредам дека ова не е случајно, туку дека ова е смислено сценарио од Заев и Филипче.

Да, смислено е.

Заев и Филипче во текот на летото свесно дозволија организирање на свадби и други свечености без никакви протоколи и контроли за да сега глумат загрижени државници, а преку нивните партиски гласноговорници ја фрлаат вината кон опозицијата и кон слободомислечките граѓани.
Заев е свесен дека велосипедот што го вози е со дупнати гуми и е свесен дека единствен начин да успее да дефокусира од криминалот во неговото најблиско опкружување, како и од крахот и неспособноста на сите полиња, е преку ширење на страв.

Оставка, бандо неспособна!