Кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, извести дека во текот на денешниот ден е скршена шофершајбната на возилото во сопственост на неговите родители.
– Со тоа возило повремено се служев и јас. Настанот е пријавен во ОВР Делчево од каде очекувам соодветен ангажман и пронаоѓање на сторителите на овој кукавички чин. Намерата е јасна, пораката што требаше да ми ја пратите ја примив, но не ја разбрав. Вака да ви кажам: Ниту ќе заплашите, ниту ќе ме поколебате во намерата да ставиме ред во државата. Знам дека се плашите, веројатно со право се плашите. На толку злодела што ги направивте ќе го издржиме и ова, но знајте дека крајот на бандитизмот предводен од Заеви, Шеќеринска и Спасовски е со ограничено траење и доаѓа на 15 јули. Ги повикувам именуваните да си ги приберат послушниците и да престанат со притисоци врз семејството. Престанете да и правите штета на државата, знаете дека ова насилничко однесување влегува во завршниот извештај на мониторинг мисијата на ОБСЕ, порача Ковачки во објавата на Фејсбук.