Време за важни одлуки. Време е за промени и победи на граѓаните на Македонија и ВМРО-ДПМНЕ. Од денеска започнува крајот на националните понижувања, на газењето на македонското национално достоинство и на газењето на Македонецот, изјави Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3.
Тој додаде, време е за нова иднина. Време е за нова надеж, за проекти и за реформи. Време е Македонија да добие мајка на нацијата. Време е професорката Гордана Силјановска Давкова да стане претседател на сите граѓани на Македонија. Македонија горда. Македонија исправена. И секако Европска Македонија.
-За Македонија повторно да биде твоја вечерва ве повикувам сите во 20 часот пред Влада на големиот сенароден митинг со што ќе ја дадеме поддршката на нашиот кандидат и иден претседател на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова, потенцира во изјавата за медиуми, Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3.