Во последните 24 часа, како што информираат од Министерството за здравство, од Ковид 19 починале дури 20 лица, информираат од Министерството за здравство.

Истовремено од 761 тестирања, регистрирани се 106 нови случаи позитивни на корона вирусот. Од друга страна бројот на оздравени е далеку поголем од тие ново заразени, односно денеска Институтот за јавно здравје се регистрира 603 оздравени пациенти од кој најголемиот број во Скопје – 230, потоа следат Охрид со 54 оздравени, Прилеп 51, Струга 30, Куманово 24.

Дневната статистика на Министерството за здравство, регистрираше нови 20 починати лица од Ковид-19, и тоа четири пациенти од Скопје (85, 63, 86 и 77г), еден од Куманово (65г), еден од Дебар (68г), двајца пациенти од Прилеп (75 и 81г), двајца од Битола (84 и 69г), еден од Охрид (55г), еден од Кавадарци (81г), тројца пациенти од Гостивар (55, 59 и 67г), еден од Крива Паланка (82г), еден од Крушево (49г), еден од Валандово (64г) и двајца од Неготино (66 и 80г). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 84129, бројката на оздравени пациенти е 63532, на починати е 2550, а бројот на активни случаи изнесува 18047. Од вчерашната статистика се регистрира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

  • Скопје 36375, активни 10757
  • Куманово 4775, активни 473
  • Дебар 641, активни 114
  • Штип 3316, активни 208
  • Прилеп 4261, активни 462
  • Тетово 4788, активни 810
  • Струга 2062, активни 296
  • Велес 2780, активни 443
  • Битола 3053, активни 485
  • Охрид 2468, активни 463
  • Кавадарци 2163, активни 487
  • Гостивар 3402, активни 506
  • Гевгелија 1177, активни 266 (80 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 202 на Богданци и 12 се странски државјани)
  • Струмица 2326, активни 588
  • Крива Паланка 635, активни 121
  • Радовиш 626, активни 99
  • Крушево 167, активни 73
  • Кочани 1609, активни 193
  • Пробиштип 450, активни 35
  • Демир Хисар 237, активни 35
  • Македонски Брод 220, активни 23
  • Пехчево 156, активни 25
  • Берово 503, активни 46
  • Валандово 313, активни 50
  • Виница 448, активни 60
  • Делчево 671, активни 206 (183 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
  • Кратово 193, активни 12
  • Свети Николе 1043, активни 82
  • Кичево 1578, активни 203
  • Ресен 654, активни 140
  • Неготино 1039, активни 286 (165 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 761 теста се преку: ИЈЗ-172, ЦЈЗ Скопје-45,  Авицена-0, Биотек-15, МАНУ -54,  Жан Митрев (Филип Втори)-106, Систина со PCR метода -274, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-0, ГАК-30, Синлаб-0, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -61, УК Пулмологија со алергологија –4, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 405 108 тестирања на Ковид -19.