Државниот санитарен и здравствен инспекторат од денеска почнува инспекциски надзор за 28-годишниот пациент, кој почина од Ковид-19 на 8 декември. Досега ДСЗИ има иницирано 25 вонредни надзори за сите помлади пациенти.
Вчера беше регистриран најмладиот починат пациент, 22-годишно лице од Скопје. Лицето е едно од 28-те починати од Ковид-19 во текот на претходното деноноќие. Од починатите, пет пациенти се од Скопје (58, 75, 67, 78 и 22 г), еден од Куманово (69г), еден од Дебар (66г), шест пациенти од Прилеп (70, 77, 53, 56, 69 и 82 г), двајца од Струга (59 и 69 г), еден од Велес (66г), тројца од Битола (76, 69 и 61 г), еден од Кавадарци (57г), еден од Гостивар (83г), еден од Радовиш (80г), еден од Крушево (64г), еден од Кочани (65г), еден од Пробиштип (78г), двајца пациенти од Кратово (76 и 76 г) и еден пациент од Кичево (80г). Двајца се починати вонболнички услови, а 26 во болнички услови.
Покрај 28 починати, Министерството за здравство вчера регистрираше нови 929 случаи на заразени со коронавирусот од направени 2758 тестирања и 1068 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 70883, бројката на оздравени пациенти е 47364, на починати е 2051, а бројот на активни случаи изнесува 21468.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1313 и има околу 150 празни болнички кревети во ковид-центрите, информира вчера од Министерството за здравство.
Во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 870 пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот, а во главниот град 499.
Најмногу хоспитализирани има на Клиниката за инфективни болести во Скопје, каде лежат 161 пациент, а во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 110 болни.
И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден во болниците во главниот град, вчера имаше слободни околу 30-тина места.
Во насока на зголемување на бројот на тестирања вчера разговараа министерот за здравство Венко Филипче и претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев.
– Лабораторијата во МАНУ дневно обработува од 200 до 250 брисови, но бројката во некои денови достигнува и до 350 бриса од ПЦР тестови. МАНУ ги покрива сите болници во државата, освен скопските клиники, ГОБ 8 Септември и болниците во Кичево и Дебар, информираат од Министерството за здравство.
Во текот на наредната недела ќе се испорачаат и дополнителни количини на клексан во Клиничката аптека во Скопје, а доволни количини на лекот има и за аптеките и за останатите болници во земјава.
Министерот Филипче вчера изјави дека и покрај зголемената потрошувачка, антикоагулантна терапија Клексан и Ксералте има доволно во земјава.
-Потрошувачката на антикоагулантна терапија е тројно зголемена во однос на истиот период лани, но добавувачите прават напори да се обезбедат бараните количини и во моментов нема недостиг од ваква терапија, ниту во аптеките, ниту во болниците, информираат од Министерството за здравство.
Во однос на лекувањето на Ковид-19, во последниот период се истакнува ефикасноста на лекот ивермектин, кој кај нас засега се користи во прашкаста форма за лекување животни.
Проф. д-р Даниловски очекува наскоро овој лек да се набави и кај нас, во таблетарна форма за луѓе.
Тој истакна дека лекот, освен што помага при лекување на болните од Ковид-19, дејствува и профилактичко.
– Ивермектинот се користи од март во Австралија, во Нов Зеланд, во источните земји. Ако ги погледнеме бројките на смртноста, ќе видиме дека секаде каде што се употребувал ивермектин, смртноста е помала, рече проф. д-р Даниловски.
Тој смета дека ивермектинот ќе биде една пресвртница во третманот на ковид пациентите.
Во однос на антиваксерите кои водат кампања против вакцината за Ковид-19, проф. д-р Даниловски вели дека нив никој не може да им го смени мислењето и покрај тоа што, нивните тврдења не се научно докажани.
– Постои во психологијата еден феномен, Данинг-Кругеров ефект, кој значи тој што е убеден во нешто, иако не поседува доволно знаење од таа област, едноставно тврдоглаво останува на ставот и тоа не може да се измени. Поради таа кампања против вакцината, јас не сум оптимист дека вакцинирањето ќе оди лесно, вели професорот. Според него, ако на природен начин оди болеста, некаде кон крајот на март ќе имаме колективен имунитет, така што, вакцината нема да биде потребна.
– Но, пожелно би било да се вакцинираат ризичните групи, здравствените работници, полицијата, вработените во старските домови, смета проф. д-р Даниловски.
Тој смета дека ивермектинот ќе биде една пресвртница во третманот на ковид пациентите.
Во однос на антиваксерите кои водат кампања против вакцината за Ковид-19, проф. д-р Даниловски вели дека нив никој не може да им го смени мислењето и покрај тоа што, нивните тврдења не се научно докажани.
– Постои во психологијата еден феномен, Данинг-Кругеров ефект, кој значи тој што е убеден во нешто, иако не поседува доволно знаење од таа област, едноставно тврдоглаво останува на ставот и тоа не може да се измени. Поради таа кампања против вакцината, јас не сум оптимист дека вакцинирањето ќе оди лесно, вели професорот. Според него, ако на природен начин оди болеста, некаде кон крајот на март ќе имаме колективен имунитет, така што, вакцината нема да биде потребна.
– Но, пожелно би било да се вакцинираат ризичните групи, здравствените работници, полицијата, вработените во старските домови, смета проф. д-р Даниловски.
Студијата ГЛОБСЕК покажа дека конспиративните теории за Ковидот се најпопуларни во земјите од Западен Балкан.
Според Извештајот ГЛОБСЕК трендови 2020, повеќе од 1/3 од испитаниците веруваат во конспиративни теории поврзани со КОВИД-19. Во согласност со овие резултати, подготвеноста за вакцинирање против КОВИД-19 во регионот е на само 37% помеѓу луѓето. Процентот, сепак, расте до 53% помеѓу оние што имаат доверба во државните институции.
– Овие резултати покажуваат колку е инструментално доброто владеење и довербата во јавните и државните институции, особено во време на криза. Јавните институции треба да ги засилат нивните напори за стратешка комуникација и да направат сè што е во нивна можност да ја зголемат општествената доверба веднаш, потенцира Мирослава Савирис, истражувач од ГЛОБСЕК Институтот и еден од авторите на извештајот.