Коронавирусот не ги штеди на сопствениците на автомобили. Бидејќи повеќе луѓе од кога било остануваат дома за да спречат ширење на Ковид-19, нивните автомобили, пикапи и џипови се паркирани без надзор на улиците, што ги прави лесен плен за крадците.

Кражбите на автомобили се зголемиле за 63 отсто во Њујорк и скоро 17 отсто во Лос Анџелес од 1 јануари до средината на мај во однос на истиот период лани.

Многу агенции за спроведување на законот низ целата држава, исто така, известуваат за зголемување на кражбите на автомобили и од автомобили, иако целокупните крминални дела поврзани со насилство драматично се намалија на национално ниво за време на пандемијата. Ова е нискоризичен, потенцијално високо платен криминал, велат од полицијата, особено затоа што многу возачи ги оставаат своите автомобили отклучени или дури и со своите клучеви внатре.

„Тоа е како да ставите налепница на прозорецот со зборовите – дојди и земи ги моите работи, вели Алекс Вилануева, шериф во Лос Анџелес.

Во Остин, Тексас, дури 72 проценти од украдените 322 автомобили имале клучеви оставени внатре. Вкупниот број кражби на автомобили во април скокна за околу 50 проценти, а кражбите на автомобили се зголемија за два проценти во однос на април 2019 година.

Елементи на оваа „бура“: Возачите се дома и не ги користат или прегледуваат често нивните автомобили. Училиштата се затворени и многу млади лутаат наоколу и не им пречи да ја пробаат среќата. Криминалците   имаат повеќе време, или им требаат брзи пари за да ги одржат навиките за дрога.

„Денес можете да одите на интернет и да научите како да влезете во автомобил со само едно кликање на ЈуТјуб“, рече Верано.

А, тој е човек кој знае за што зборува: Пред една година, некој провали во неговиот заклучен пикап Форд Ф-150, еден од најпознатите украдени автомобили.

Според полицискиот детектив на Солт Лејк Сити, Грег Вилкин, скокот од 22 проценти веројатно ќе падне врз мал број криминалци кои дејствуваат по принципот на брз грабеж.

„Потребни се само 10 секунди“, вели тој.

„Тие не се во вашиот автомобил долго време, тие едноставно „кршат – крадат – и бегаат“, честопати на сред бел ден.

Во Балтимор се води кампања за намалување на големиот број кражби на автомобили и грабежи, што се чини дека дава добри резултати.

Кражбите од автомобили се намалиле за 24 проценти и кражбите на автомобилите – за 19 проценти од јануари до мај во однос на истиот период лани.

Според полковникот Ричард Ворли, шеф на патролната служба, ова делумно се должи на активните напори да ги потсетат жителите да ги заклучуваат своите автомобили, да ги земат своите клучеви дома и да паркираат во добро осветлени места. Во овој поглед, пандемијата всушност и помогна на полицијата: Луѓето се дома, помалку возат и гледаат што се случува во соседството. Полициските службеници сега имаат повеќе време внимателно да патролираат, бидејќи нивните повици за сериозни злосторства или други прилики се намалени. Крадец неодамна беше уапсен, откако беше запрен автомобил за преглед и во него беа пронајдени 13 украдени катализатори на автомобили.

Понекогаш, сепак, сето тоа е прашање на среќа, како што е за Линдзи Елдриџ, локален полициски координатор за односи со јавност. Таа ги заборавила клучевите во држачот за чаша во нејзиниот автомобил.

Се сетила пред малку пред да заспие.

„Можеше да биде следенг број во статистиката“, нагласи Ворли.

БТА/АП